Интересно

Феликс го украл проектот за „Скокот од работ на вселената”?!

18 октомври, 17:45

 

 

 

 

 

 

Подвигот на Феликс Баумгартнер засекогаш ќе остане запишан во историјата.

„Скокот од работ на вселената” му донесе огромен публицитет, него и на Red Bull.

Деновиве се шират шпекулации за наводно украдениот проект. Бугаринот Иван Трифонов, првиот човек кој го прелетал северниот пол со балон,  тврди дека идејата за скокот била негова, а детаљите за проектот му ги открил на Феликс при една нивна средба уште во 2005-та година.

Иако Феликс му ветил дека ќе го побара за да го реализираат проектот, тоа никогаш не го направил.

Red Bull изјави дека примиле многу проекти за „Скокот од работ на вселената”, меѓу кои и оној на Трифонов, но сите биле недоволно убедливи, па ги отфрлиле.

Каква и да е вистината, засекогаш останува фактот дека еден човек се движеше побрзо од звукот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 970 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус