Интересно

Каков лаптоп ќе користевте денес ако технологијата не одеше напред

25 март, 05:31

Малите компактни фото апарати, модерно дизајнираните лаптопи, напредните паметни телефони и ред други направи се резултат на развојот на технологијата и одлика на денешното време.

А што ќе се случеше ако технологијата не одеше напред и со години немаше нови, подобрени модели?

Ќе ги користевме старите, кои воопшто не наликуваат на она на што сме навикнати.

Ова е Озборн 1, првиот лаптоп сместен во кутија која не се одделувала од компјутерот, па затоа тежел 11 килограми. Озборн 1 имал 5 инчен екран и 4MHz процесор. Среќа што денешните лаптопи ни оддалеку не наликуваат на Озборн 1, инаку ќе заборавевме на навиката да си ги носиме на одмор и по гости.

laptop, лаптоп, ozborn 1, озборн 1

Кодак први се обидоа да направат дигитален фотоапарат во 1975 година. Нивниот обид резултираше со оваа направа која се одликуваше со резолуција од 0.01 мегапиксели. На овој апарат му биле потребни 23 секунди за црно – бела фотографија која се снимала на касета, а самиот изглед кажува колку бил незгоден за носење.

кодак, kodak, digitalen fotoaparat, дигитален фотоапарат

Ако технологијата не се развиваше, денес ќе имавте токму ваков мобилен телефон. Motorola Dyna е првиот мобилен телефон пуштен во продажба во 1983 година, со можност за меморирање на 30 броеви и ... Ништо друго, ни смс, ни блутут, ни GPS. Телефонот се користел исклучиво за она за што е и наменет – за зборување.

мобилен телефон, mobilen telefon


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1397 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус