Интересно

Најегзотичните ресторани во светот

26 март, 07:57

Кога на човечката фантазија ќе ѝ дозволите да создава, погледнете го резултатот:

 

 

 

 

 

Ресторан до водопад - се наоѓа во провинцијата Кезон на Филипините. Вила Ескудеро нуди филипински специјалитети во пријатна и безбедна атмосфера до мали водопади.

restoran do vodopad

Ресторан кој плови - ако сте авантурист и сакате да имате поинаков ручек, посетете го ресторанот The Salt & Sill кој служи морска храна, располага со 23 добро опремени соби и со џакузи.

restoran koj plovi

Ресторан во пештера - нашите предци се хранеле и живееле во пештерите, а денес тоа за нас е вистинска атракција. Овој ресторан се наоѓа во Лоџја, Финска.

restoran vo pestera

Ресторан во авион - за оние кои се плашат да патуваат со авион ова е одлична можност да престојуваат во него, уживајќи во вкусна храна. Ресторанот има 40 места, со можност посетителите да погледнат за што се користел авионот претходно. Овој ресторан се наоѓа во Даглас, на аеродромот Ковентри.

restoran vo avion

Ресторан сместен во поранешна банка - се наоѓа во просториите на поранешната Национална банка на Денвер, каде ќе имате можност да ги погледнете и големите врати од сефовите. Ресторанот нуди романтични вечери со одлична храна и вино.

restoran vo poranesna banka

Ресторан за двајца - станува збор за најмалиот ресторан во светот кој се наоѓа во Италија, каде може да појадуваат само двајца посетители.

restoran za dvajca

Ресторан од картон - во кој целиот ентериер е изработен од картон. Се наоѓа во Тајван, а неговата цел е да ја поттикне свеста за рециклирање на хартијата.

restoran od karton


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1870 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус