Интересно

Зошто на бебињата им се менува бојата на очите?

13 март, 07:00

На многу бебиња бојата на очите често им се менува. Навистина интересно. Најчесто кај децата со сини очи после неколку месеци очите се затемнуваат и ќе добијат друга боја. Тоа го предизвикува меланинот. Кога присуството на меланин во очите на бебето е мало, нивната боја е светла. Токму поради малата количина меланин голем дел од бебињата се раѓаат со сини очи, кои подоцна стануваат темни и ја менуваат бојата.

Бојата на очите се менува од шестиот до деветтиот месец. Во тој период се урамнотежува количината на меланин. Кај некои деца може да настанат само мали промени кои ќе предизвикаат разлика во мали нијанси.

Покрај меланинот, гените се голем причинител за раѓањето деца со боја на очи различна од онаа на родителите. Детето ги наследува гените на своите родители кои ги пренесуваат на него и дел од гените на нивните предци.

Поради грешка во развојот на пигментите, бебињата можат да имаат очи со различна боја. Тоа се третира како генетско пореметување или хорнеов синдром.

За секоја промена која ја забележувате кај вашето дете консултирајте се со стручно лице.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4883 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 Мај

17 Мај
Познатата пејачка и текстописец Дона Самер, која во 70 - те години беше прогласена за „Кралица на диското и диско музиката”, почина на 63 годишна возраст, по долгогодишната битка со ракот.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус