Каде на одмор...

За денот на вљубените посетете ја Севиља

04 февруари, 13:27

Градот кој лежи по долината на реката Гвадалкивир нека биде вашата дестинација за Денот на вљубените.

Градот Севиља е стар околу 2 200 години. Неговиот историски изглед сведочи за времето на барокот и ренесансата. Долгата историја и постоење на овој град го прават посебен секој дел од парчето земја наречено Севиља.

Поголемиот дел од градот се наоѓа на источната страна на реката Гвадалкивир, додека пак на западната страна се Триана, Ла Картуја и Лос Ремедио.

Просечната дневна температура во Севиља изнесува 25° C, додека пак ноќната 13° C. Најладен месец во годината е Јануари.

Алказар, Катедралата Света Марија и Главната архива на Индите се ставени под заштита на УНЕСКО и се дел од светското наследство.

Тоа што може да ви го понуди Севиља ви го претставуваме низ фотографии.

 

Катедралата Света Марија е изградена во периодот 1401-1519 година и е најголемата катедрала. Во внатрешноста е украсена со големо количество на злато. Тоа што ќе ве изненади е секако минарето, кое е карактеристичен елемент за џамиите, a денес е претворено во камбанарија.

 

Изградбата на Алказар започна во 1181 година, и траеше околу 500 години. Алказар во себе ги отсликува ренесансните, мавританските и англиските традиции.

 

Кулата од злато или како што ја нарекуваат Torre del Oro е изградена од династијата Алмохад со цел да го спречат пловењето на бродовите до пристанишето.

 

Градската сала е изградена во 16-от век од архитектот Диего Риано.

 

Палатата на Сан Телмо е еден од најимпресивните претставници на барокот, кој во минатото бил универзитет за морнари, а подоцна и за богословија.

 

Метрополата Парасол е најголемата дрвена структура во светот. Станува збор за модерна архитектура, дизајнирана од германскиот архитект Јирген Мајер.

 

Главната архива на Индите е складиште на исклучително вредни архивски документи за историјата на шпанската империја во Америка и на Филипините.

 

Плоштадот на Шпанија, во паркот Марија Луиза потекнува од 1929 година и претставува мешавина од повеќе историски стилови.

Во оваа листа свое место заслужуваат и паркот посветен на Марија Луиза, градината на Мурило, романтичните градини посветени на Кристина, градината на Гвадалкивир во Ла Картуја и уште многу други паркови и споменици кои ќе го привлечат вашето внимание.

Покрај раскошните споменици, Севиља ќе ве освои и со својата традиционална кујна и традиционалната фламенко музика.

Севиља е место за вашиот иден одмор.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1700 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус