Животен стил, За неа

Како да го забрзате растот на вашата коса?

05 септември, 06:46

 

 

 

 

 

 

 

Можеби ќе ви звучи нереално, но има начин. Не треба да користите хемиски препарати или скапи третмани, едноставно, побарајте го лекот во природата околу вас.

Зелен чај

Еден од најдобрите начини да го забрзате растот на косата е зелениот чај. Тоа се должи на антиоксидансите кои се застапени во ова растение. Зелениот чај може да го пиете или да го нанесете на вашата коса комбинирајќи го со шампон, лосион или било каков продукт за заштита на фоликулите.

Лосион од гроздово семе

Лосионот од гроздово семе се нанесува на скалпот од косата. Овој третман правете го 2-3 пати неделно пред легнување.

Компир

Ставете го компирот да врие. Откако ќе ја испушти својата течност при вриењето извадете го, а водата оставете ја да се излади. Потоа, измиете ја косата убаво со шампон и на крај оплакнете ја со водата од компирот.

Маска за коса од јајце

Измешајте едно јајце со 50мл маслиново масло и нанесете ја течноста на вашата коса. Косата завиткајте ја со крпа и оставете да отстои 1 час, а потоа измиете ја со шампон и нанесете балсам. Се препорачува да ја користите барем еднаш неделно. 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4521 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус