Како најлесно да ја исчистите вашата рерна?

14 октомври, 00:02

Бидејќи рерната најчесто се употребува, треба и почесто да се чисти.
Понекогаш чистењето знае да биде долго и макотрпно, а резултатите на крајот да не се задоволителни.
Хемиските средства кои се наменети за чистење на рерни содржат многу штетни и силни материи кои ја нагризуваат површината и предизвикуваат појава на дупчиња. За да ги избегнете ваквите работи секогаш за чистење на рерните користете природни материјали и природни супстанции.

Целата внатрешност на рерната убаво премачкајте ја со парче материјал натопено во киселина, обична алкохолна киселина која ја употребувате како додаток во салати. Пуштете ја рерната да се загрее на 30°Ц, откако ќе олади површината премачкајте ја со поголема количина сода бикарбона, убаво натапкајте ја по површината и повторно пуштете ја рерната да се загрее на 30°Ц додека бикарбоната не се исуши и залепи за киселината. Откако убаво ќе се олади неколку пати пребришете ја со влажна крпа.
На крајот ќе бидете изненадени од резултатите.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4667 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус