Здравје, Здрави навики

Зошто треба да се конзумира козјо млеко

17 декември, 11:47

Долго време на козјото млеко му се припишуваат карактеристики кои го карактеризираат како намирница која не е соодветна за употреба, особено за оние кои имаат зголемен крвен притисок или дијабет или други здравствени проблеми. Но тоа е сосема неправедно.

Сè поголем број нутриционисти го препорачуваат како здрава намирница која без исклучок треба да се вметне во секојдневната исхрана наместо кравјото млеко. Двојбите во мислењата се однесуваат на неговиот состав. Козјото млеко по својот состав многу не се разликува од овчото или кравјото млеко, содржи скоро исто количество белковини и маснотии, но се разликува по тоа како тие белковини и масти се преработуваат во организмот.

Во козјото млеко тие маснотии се распоредени во ситни честички кои се поврзуваат со млечните белковини и така се добива хомогена смеса. Поради тоа неговата маснотија не се одвојува и не плива на површината како кај кравјото и овчото млеко. Тоа е она што му дава предност пред другите млека.

Карактеристики на козјото млеко:

Карактеристичен мирис

Многу луѓе го избегнуваат поради неговиот специфичен мирис. Тој мирис потекнува од присуството на капронската, каприлната и капринската масна киселина, а всушност токму тие се она што козјото млеко го прават со високи нутритивни вредности.

Содржи помалку холестерол

Масните капки се помали и заради тоа ги има повеќе отколку во кравјото млеко, но предноста на тоа е што ензимите на липаза во цревата ги разложуваат. При тоа составот на тие маснотии е најсличен на составот на маснотиите на мајчиното млеко.Како што се знае мајчиното млеко содржи најлесно сварливи маснотии (есенцијални полинезаситени масни киселини) кои се исклучително важни за развој на нервниот систем кај децата, а особено за мембраната на мозокот.

Маснотијата на козјото млеко содржи коњугирана линолна киселина со антиканцерогено дејство .Белковините од козјата сирутка биолошки се највредни, затоа се препорачува за брзо заздравување после прележана болест .

Белковините во козјото млеко се добар извор на есенцијални и неесенцијални аминокиселини кои го поттикнуваат апсорбирањето на железото во организмот. Поврзани преку пептидни врски градат пептиди кои на повеќе начини имаат влијание врз организмот:
го поттикнуваат лачењето на инсулинот;

Го зајакнуваат имунолошкиот систем;

Го попречуваат зголемувањето на крвниот притисок и згрутчувањето на крвта;

Ја нормализираат работата на цревата;

Го регулираат метаболизмот.
 

Белковините во козјото млеко како и маснотиите се подобро сварливи и затоа во организмот подобро се апсорбираат од оние во кравјото млеко.

  • Во  козјото млеко има помалку лактоза отколку  во кравјото и тоа му дава предност кај оние кои не ја поднесуваат лактозата.
  • Козјото млеко во организмот предизвикува базични реакции зошто во својот состав содржи повеќе базични аминокиселини ( ларгинин , хистидин ) кои исто така се спротивставуваат на преголемото закиселување на организмот.
  • Содржи поголемо количество минерали отколку кравјото млеко особено калиум и хлориди кои му даваат малку соленкаст вкус.
  • Сите овие особини му даваат голема предност на козјото млеко и козјото сирење пред другите млека и сирења. Поради добро распределената и хомогенизираната маснотија тие имаат убава бела боја која особено привлекува.

   

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ НА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА МЛЕКО
 

Состав Кравјо млеко % Козјо млеко % Овчо млеко%
Белковини 4.00 4.25 7.92
Казеин 2.9 2.8 3.6
Албумин 0.5 0.7 0.7
Маснтии 4.5 4.9 2.3
Лактоза 4.9 4.2 7.0
Минерали 0.7 0.7 0.2

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3202 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Мај

9 Мај

Во 1947 година во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус