Легендата за индијанското племе „Чироки”

24 јануари, 01:10

Постои една легенда за „Чироки” индијанските племиња која се однесува на обред кој ова племе го прави кога децата треба да преминат од деца во возрасни луѓе. 
Имено таткото припадник на ова племе го носи неговиот син длабоко во шумата, му става превез преку очите и го остава само. Од детето, кое после овој обред треба да стане возрасен човек, се бара цела ноќ да седи на едно високо дрво на подзасечена гранка, тоа не смее да го извади превезот од очите сѐ додека не го осети првиот утрински сончев зрак на неговото лице. 
Детето не смее да плачи, ниту да бара било каква помош.
Кога ќе ја преживее ноќта, тоа едноставно ќе стане ЧОВЕК.
После обредот на детето му е забрането да разговара со останатите деца за неговото искуство, бидејќи секое од нив треба да влезе во зрелото доба на свој начин. 
За време на обредот детето се чувствува престрашено, околу него ги слуша звуците на природата, слуша крикови на шумски животни, слуша гласови од луѓе кои се оддалечени од него, но кои се припадници на други племиња и кои можат и да го убијат. 
Во текот на целата ноќ детето без престан го чувствува ветрот на неговото лице кој му носи треви и песок. Но сепак младиот Индијанец треба сите тие работи машки да ги поднеси, бидејќи знае дека тој е единствениот начин преку кој може да прерасне во зрел човек.
Конечно на крајот, после ужасно поминатата ноќ, откако сонцето ќе се појави над хоризонтот, младиот Индијанец може да го тргне превезот од очите.
И во тој момент малиот „Чироки” открива дека неговиот татко цело време во текот на ноќта седел наспроти него, на друго дрво и го чувал за да не му се случи нешто лошо и непосакувано


Ова е прекрасна приказна и легенда, чија поука само не потсетува дека во ниту еден момент никој од нас не е сам на овој свет. 
Секогаш треба да сме свесни и да имаме на ум дека некој цело време внимава на нас, дека некој цело време не води по патиштата кои треба да ги изодиме, дека некој цело време ни поставува пречки на нашиот животен пат со цел да извлечеме поука од нивното решавање, едноставно цело време до нас имаме заштитник, учител, другар и животен сопатник. 
Убаво е ова да се знае, бидејќи се надевам дека за многу работи кои ни биле нејасни и на кои не сме можеле да дадеме одговори, сега ќе можеме со чиста совест и мирна душа да одговориме и со тоа да ја задоволиме нашата радозналост.

legenda za indijanskoto pleme ciroki, легенда за индијанското племе чироки, индијанци, индијанско племе, чироки, indijanci, indijansko pleme, ciroki


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3840 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус