Занимливост, Откритија

Масовно топење на Гренланд

25 јули, 14:47

Mасовното топење на мразот на Гренланд од почетокот на овој месец, ги вознемири научниците од НАСА. Особено загрижувачки е фактот што дури и највисокото и најстудено место на ледениот остров почнува да се топи. Научниците смируваат, укажувајќи дека станува збор за ретка појава која се случува еднаш на 150 години. Ваква појава е регистрирана последен пат во 1889-та година.

Во летните периоди не ретко се случува топење на мразот на островот, но зачудувачки е фактот што тоа се случува за многу кратко време, создавајќи широкораспространета област која се топи. 

Во изминатите три децении, најмасовното топење на мразот опфати околу 55 проценти од површината на Гренланд, но овој месец, само за неколку дена, деловите од Гренланд каде е забележано топење на мразот се зголемија од 40 на 97 проценти. 

Том Вагнер, научник во НАСА, изјави дека не може да се каже колкав дел од мразот се стопи, но истражувањата покажуваат дека тој повторно започнува да мрзне.

Сè уште не може да се каже дека е само ретка природна појава. Научниците не испуштаат прилика да предупредат на опасностите од климатските промени, кои во голема мера ги истанчија краевите на островот.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2806 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус