Мебел во боите на зимата
15 јануари, 09:07
Белата боја која асоцира на снег, на ладна зима, студ, но и на убавина и чистота, може да ја внесете во својот дом преку белиот мебел и деталите во просторот.
Белата боја на мебелот делува ладно, но ако ја комбинирате со други нежни бои ја губи својата улога.
Кај овој мебел предност е можноста истиот да се комбинира со остатокот од мебелот во домот.
Белите аголни гарнитури делуваат елегантно и отмено. Оваа боја најмногу одговара за мали простории каде самата боја визуелно ќе го зголеми просторот.
Белата боја на мебелот претставува чистота, мир и складност.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 6670 пати.
Додади коментар