Мобилни
Nokia Lumia 620
Пристигна новиот член во семејството на Nokia, Nokia Lumia 620.
Дизајниран е и наменет за употреба од пошироката публика, бидејќи се предвидува дека ќе биде и „најевтиниот” телефон.
Nokia Lumia 620 е опишан како „компактен” телефон, така што корисниците кои сакаат помали смартфони, поради прилично малите димензии 115.4 x 61.1 x 11 mm и тежината од само 127 грама, сигурно ќе бидат заинтересирани.
Nokia Lumia 620 доаѓа со 3.8" ClearBlack LCD дисплеј на WVGA резолуција, со внатрешна меморија од 8GB со можност да се прошири со microSD слот картичка, и 512MB RAM меморија.
Има 5 мегапикселна примарна камера со LED блиц во задниот дел и VGA камера на предниот дел за видео-разговори.
Nokia Lumia 620 ќе биде достапен во повеќе бои, вклучувајќи зелена, портокалова, пурпурна, жолта, тиркизна, бела и црна.
Во 2013 година ќе биде пуштен во продажба, па тогаш одберете ја бојата која вас најмногу ви одговара и имајте убави и пријатни разговори со новата Nokia Lumina 620.
Додади коментар