Занимливост, Убави нешта

Неверојатните Божиќни книги на Yusuke Oono

09 јануари, 07:13

Божиќните книги на архитектката Yusuke Oono наидоа на воодушевување, одобрување и позитивни реакции од луѓето насекаде низ светот.

На изглед се како и сите други книги, но кога ќе сакате да ги разгледате, имате можност да ги отворите во распон од 360° и да погледнете низ внатрешноста на сите страници на книгата.

На овој начин ќе имате можност да се запознаете со еден нов мултидимензионален 3D свет.

Страниците на книгите се полни со различни фигури и ликови од приказните, како вештерки, џуџиња, принцези, шумски животни ...

Во пресрет на Божиќните празници ви даваме можност да ги разгледате овие преубави книги и да размислите како идеја за подарок кој можете да им го подарите на вашите најмили.

Бидете сигурни дека овие невообичаени книги уште повеќе ќе ги заинтригираат нивните чудесни мозочиња и многу убаво ќе се вклопат во нивните измислени светови од бајките и приказните.

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5382 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус