Новитети

Сте слушнале ли за Антонов 225?

22 февруари, 09:27

Антонов 225 е најголемото стратешко летало кое досега е конструирано. Не само што е најголем, тој е и најтежок со цели 640 тони.

Намената за која беше создаден Антонов 225 е пренесување на ракети за потребите на Советскиот Сојуз. Својот прв лет го имаше на 21 декември 1988-та година, по што подолго време не беше користен. Денес, овој ѕвер се користи за транспортирање на огромен товар.

Со Антонов 225 може да се пренесуваат 250 тони тежок товар внатре или 200 тони на неговиот грб чија должина може да биде до 70 метри.

Тоа што го има само Антонов 225, а го нема никој друг се следните карактеристики:

Екипаж: 6 лица

Должина: 84 метри

Распон на крила: 88,4 метри

Резервоар за гориво: 300.000 литри

Максимална брзина на час: 850 км/ч

Погледнете како изгледа единствениот авион од овој тип:

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1393 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус