Новости

Битолчани ја отсрамија Македонија

14 септември, 14:49

Граѓаните на Битола приредија дочек за нашата златна спортистка Оливера Наковска Бикова. Ја поздравија и ѝ честитаа за успехот и радоста која ни ја приреди. Секоја чест за организаторот, но не можам, а да не се запрашам, каков дочек ќе беше организиран доколку ова беше олимписко злато?

Дали редици граѓани ќе ја чекаа на аеродром, по улиците, дали знамињата ќе се вееја низ цела Македонија, а граѓаните спонтано ќе се собираа и ќе се радуваа?

 Дали Македонија порано ќе дознаеше за Оливера, која на Параолимпијадата во Пекинг го освои 5 место и за Ванчо Каранфилов кој е носител на сребрен медал од Параолимписките игри во Атина?

Ова е прашање кое сите треба да си го поставите. Уште еднаш упатувам искрена порака до сите вас. Се надевам ќе ја разберете.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 760 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус