Новости

Поделба на заработката на милијардерите!

05 април, 06:43

Доколку сите милијардери кои постојат на планетата Земја, а според статистиките на магазинот Форбс ги има околу 1,426 илјади милијарди, ги поделат своите пари, односно своето богатство кое во моментов изнесува околу 5,4 илјади милијарди долари, секој жител на оваа земја би добил по 768 долари. 

Магазинот Форбс кој еднаш годишно прави и пресметува вакви податоци и статистики ги објави најновите пресметки во кои овој пат акцент стави на најбогатите луѓе на светот и нивните богатства. 

Во светот постојат огромен број на луѓе кои не можат да се прехранат, секојдневно умираат деца подари немањето на храна и секојдневно се регистрираат нови случаи на анорексија која е предизвикана од  ненавремено внесување на храна. 

Сето ова би исчезнало доколку проработи свеста кај богаташите, кај оние чии богатства се проценуваат на тешки милиони и милијарди. 

Истите тие богаташи не мора да го делат целокупното нивно богатство со останатите жители на земјата, доволно е месечно да издвојуваат само мал дел од него, мал дел кој пак за сиромашните и ненахранети луѓе ќе биде многу голем и многу ќе им значи. 

На глобално ниво треба пополека да се менува свеста на луѓето и да се подигнува на едно повисоко ниво, оние кои можат и се во финансиска можност треба сѐ повеќе и повеќе да им помагаат на послабите од нив.

Сите сме жители на оваа една и за сите иста планета и сите ги имаме истите права. 

Доколку сите почнеме да размислуваме малку посовесно, доколку макар и со мала помош можеме да им помогнеме на оние на кои таа помош им е неопходна, можеме да направиме огромни промени во општеството и во меѓучовечките односи.

Ова нека биде апел до сите кои можат на било каков начин да помогнат, а богаташите на момент нека се запрашаат што ќе им прават на нивните пари и богатства, нека се запрашаат дали со чиста совест и мир во душата ќе можат да уживаат во нив, при тоа знаејќи дека насекаде во светот има луѓе кои немаат што да јадат.

 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 758 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Мај

9 Мај

Во 1947 година во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус