Новости

Манекенството во Македонија

11 септември, 13:02

Денес дојде време да не знаеш кои девојки не се манекенки. Но, ретко кои од нив сте ги забележале на интервју или да работат на некој крупен проект. Почитувани читатели, во Република Македонија бројот на манекенки забрзано расте, поради што Министерството за здравство стравува од неконтролирано ширење на епидемијата т.н. ,,мајкина лепотица“. Дел од нив гордо и заслужено се носители на оваа епидемија. Во мојата порталовска листа, еве кои заслужија свое место:

 

Натали Грубовиќ

Манекенка, бинго девојка, водителка. Срцка си Нате, и по толку години никој ништо не ти може.

Сања Николиќ

Манекенка, водителка, текстописец, ПР менаџер. Ах, Сање, Сање... Сега јас сум на ред да ти кажам „Те молам врати се на македонските медиуми“.

Драгана Чуприна

Манекенка, водителка, кандидат за советник, можеби идна пратеничка. Гага е најсупер, ѝ нема рамен (Гаге кога ќе дојдеш во влада може да ме вработиш?).

Маријана Станојковска

Манекенка, водителка, бинго девојка. Маре, нема човек кој не би направил сè за да добие лото!

Катерина Ивановска

Манекенка, Ангел на Викторија Сикрет. Добро Кате да те прашам, во Италија, во Англија, ваму-таму, нема мажи? Сите едвај чекаат таков да фатат, а ти обратно!

Светлана Црнокрак

Манекенка, сопственик на модна агенција. Светле, вие ја создадовте оваа епидемија, да не случајно имате заштитни лекови?

Убави, млади и паметни, без да навлегуваме во приватниот живот, површински сигурно ќе ви се допаднат. * Се извинувам на сите оние кои ќе се почувствуваат навредени од оваа објава.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3285 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Мај

16 Мај

Во 1966 година во Гери, Индијана, е родена светски познатата пејачка, текстописец и актерка Џенет Џексон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус