од мој агол

Може ли правилно да се израсне дете од геј родители?

26 јули, 06:22

Во јавноста истополовите парови заземаат сѐ поголем простор. Нивната борба за права се засилува. Голем дел од народот е поделен на двете страни. Она што е надвор од границите на нормалното и прифатеното како нормално секогаш наидува на отпор. Но, на ниту еден од нас не би му влијаело негативно присуството на истополови бракови како што тоа би можело да влијае врз децата. 

И ако во светот сѐ уште се нема донесена едногласна одлука за легализација на истополови бракови, се наметнува нова дилема: „Да им се даде ли право да посвојат дете?“

Израснувањето дете од истополови родители може да претставува голем ризик. Потребно е децата да бидат згрижени и да им се даде родителска љубов, но дали двајца татковци или две мајки се вистинскиот избор?!

Ако нивната врска не е прифатена во јавноста, како може да се очекува нивното посвоено дете да биде прифатено. За сега социјалните служби не смеат да дадат дете на истополови партнери бидејќи тоа е недозволиво со закон. 

Иако многумина политичари купуваат гласови со своите програми дека ќе го решат нивниот проблем, мора да се најде одговор на последиците кои ќе следат во иднина. 

Не заземајќи став можеме да си поставиме неколку прашања: „Како ќе се размножува човештвото, ако расте бројот на истополови бракови?“, „Смеат ли црквата и сите други верски установи да го дозволат тоа?“, „Свесни ли сме за сексуално преносливите болести кои се развиваат при односи со ист пол?“, „Каде е моралот и свесноста на човештвото?“, „Каква иднина ги очекува децата од овие бракови?“

Децата од најрана возраст се воспитуваат дека треба да станат родители, да имаат сопруг/сопруга, да се грижат за семејството. Би се променило ли воспитувањето? 

И за крај само да напоменам секоја здрава жена забременува по природен пат, преку сексуален однос со маж, при што детето ги наследува гените на своите родители и ја продолжува лозата на нивните семејства, при истополови бракови, особено геј бракови тоа не е возможно.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1639 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус