Откритија

Откриена е Фонтаната на младоста?!

04 февруари, 07:17

Легендата за добро познатата Фонтана на младоста чија вода дава долг живот и подмладува можеби конечно станува реалност, известува тимот биолози од Универзитетот Беркли, Калифорнија. 

Секако, не станува збор за  волшебна фонтана, напротив, станува збор за долги и напорни истражувања од областа на молекуларната биологија кои доведоа до откривање на значењето на протеинот SIRT3.

 

Студијата содржи научни докази за важноста на протеинот SIRT3 при регулирање на стареењето и нуди надеж за третмани кои би можеле да помогнат кај некои од најтешките заболувања како што се Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и артритис.

Болестите кои се јавуваат кај повозрасните лица во иднина би можеле да се спречат благодарение токму на протеинот SIRT3. Според студијата, протеинот ја спречува дегенерацијата на клетките, ги подмладува и го успорува процесот на стареење.

Повеќегодишното истражување на биолозите од Беркли даде неверојатни резултати  кои во иднина би можеле да го подмладат човечкиот организам на молекуларно ниво, со што би се спречиле многу тешки болести со кои денес се соочува повозрасната популација.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1271 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус