Откритија

Пронајден е најстариот диносаурус на светот

05 декември, 11:27

Во триесеттите години од минатиот век , во Танзанија беа пронајдени коски од нов вид диносаурус. Тогашните анализи не беа јавно објавени и беа заборавени.

Денес, околу 80 години подоцна, научниците ги собраа сите делови од сложувалката и потврдија дека остатоците му припаѓаат на најстариот диносаурус досега.

 

Новиот вид, наречен Nyasasaurus parringtoni бил со големина приближна на Лабрадор ретривер, имал долга опашка и тежел меѓу 20 и 60 килограми. Nyasasaurus parringtoni живеел пред 243 милиони години, во северниот дел на тогашниот суперконтинент Pangaea ( денешни Јужна Америка, Африка, Антарктик и Австралија).

Иако е најстариот вид диносаурус пронајден досега, Nyasasaurus parringtoni сигурно не е првиот вид диносаурус кој живеел на Земјата.
Сè уште недостигаат делови од сложувалката за овие чудесни суштества, а научниците се надеваат дека во годините што доаѓаат ќе биде пронајден и првиот вид диносауруси, кој ќе ја пополни празнината во дрвото на еволуција на овие суштества.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 971 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

5 Мај

5 Мај
Во 1988 година, во Англија, во северниот дел на Лондон, е родена мега популарната пејачка Адел, која за многу кратко време стекна светска слава и се вивна помеѓу популарните музички ѕвезди. 
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус