Занимливост, Убави нешта
Плетени корални гребени
Во Лос Анџелес постои непрофитабилна организација, во која членуваат креативни луѓе, кои секојдневно преку нивните креации ја истакнуваат нивната креативност.
Организацијата има развиено и усовршено посебна техника за изработка на плетени корални гребени.
Основачите на организацијата преку овие прекрасно изработени плетени корални гребени, кои ги изложуваат во повеќе познати музеи ширум светот, сакаат да ја подигнат свеста на светската јавност за тоа дека треба да се грижиме и да ги негуваме ваквите ретки природни богатства.
За изработка на плетените корални гребени волонтерите употребуваат природни материјали, со чија успешна комбинација се добиваат овие прекрасни дела.
Прекрасните уметнички дела веќе ги имаат посетено и погледнато над 3 милиони луѓе ширум светот и интересот за учење на процесот за нивна изработка, од ден во ден станува сѐ поголем, па така организацијата во последно време брои над 7 илјади активни членови.
Резултатите од нивните секојдневни ангажирања, преубавите плетени корални гребени се украси во многу домови, продавници и излози.
Погледнете за што станува збор и самите, па можеби кај некој од вас ќе се роди некаква идеја за изработка на нешто што ќе биде единствено и уникатно.
Додади коментар