Убава наша, Репортажи

Потсетување на доајенот на македонската музика Никола Бадев

07 јуни, 08:06

Никола Бадев (1918 – 1976) е еден од најпознатите македонски изведувачи на народни песни. Тоа што тој го носеше во душата никој и никогаш не ќе го замени. Од неговото грло испеани се едни од најлирските песни во македонската музичка историја. За себе рекол: „Песната е мојот живот.“ А неговиот глас е еден и неповторлив. 

По неговата смрт на 58 годишна возраст, народот го прослави како една од најголемите музички легенди на сите времиња. 

Зад себе тој остави длабоки траги во ова парче земја, како човек со глас на славеј го обиколи целиот свет и ги разбуди и најдлабоките чувства на народот. 

Од неговото музичко творештво уште долго, долго ќе се паметат:

„Параходот ми пристигна“

„Скопие, Скопие“

„Ајде, Ајде моме Стојне“ во соработка со Есма Реџепова

„Јунак врви низ полјана зелена“

„Ѓорѓи Сугарев“

И уште многу други.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5919 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус