Природни лекови

Дознајте за што сѐ може да ви помогне лукот!

10 мај, 06:14

Лукот треба да биде еден од најчесто употребуваните зеленчуци во исхраната на секој човек.
Непријатната миризба не треба да биде пречка за да се консумира, напротив, доколку сакате да бидете здрави, витални и полни со енергија треба сѐ почесто и почесто да јадете лук.
Придобивките по однос на здравјето се огромни.

Досегашното мислење дека со лук може многу успешно да се справиме само со настинката повеќе не е оправдано, бидејќи благодатите кои се добиваат при редовно консумирање на лук не се однесуваат само на настинки и грипови, тие се многу поголеми и делуваат на многу повеќе сегменти од здравјето.

Во продолжение информирајте се за придобивките кои ќе ги добиете доколку почнете да јадете лук или доколку почнете да го користите како препарат во комбинација со други природни состојки. 

Бидете здрави и грижете се за вашето здравје – а лукот е токму таа состојка која ќе ви помогне во зачувување на здравјето.

лукот помага за нега на кожата – неколку исчистени и изгмечени чешниња лук додадете во вашата маска за лице, убаво промешајте и маската нанесете ја на лицето, оставете да делува неколку минути повеќе од вообичаеното предвидено време и потоа убаво исплакнете го лицето со вода.
Резултатот од ваквата маска збогатена со лук ќе биде чиста и мека кожа, чист тен и свеж и мазен изглед. 

лукот помага за справување со непосакуваните акни – една од големите предности кои лукот ги има во однос на другите природни состојки е неговата успешно докажана употреба во борбата со акните.
Сокот од лукот многу поволно и пријатно делува врз зачувувањето на убавината на лицето.
Доколку забележите акни на лицето, не очајувајте, изгмечете едно или две чешниња лук и поставете ги директно на проблематичното место на лицето каде се појавиле акните.
Ќе бидете зачудени од брзиот резултат кој ќе го забележите, лукот ќе ја смири иритираната кожа и отокот кој се појавува околу акната веднаш ќе спласне.

лукот помага во намалување на кашлањето – доволно е ситно да исечкате две главици убаво исчистен лук, да го ставите во еден децилитар врела вода и добиениот сируп (чај од лук) да го оставите да отстои неколку минути. Сирупот треба да се консумира неколку пати во текот на денот.
Ќе бидете изненадени од делувањето на овој сируп кој ќе ви помогне во олеснување на дишењето и намалување на кашлањето.

лукот помага во намалување на херпес – непријатниот херпес кој се појавува најчесто како резултат на доживеан стрес може да се излечи со помош на лук. Директно на херпесот ставете парче исчистен лук и оставете го да делува околу 10 минути. За побрзо да се справите со херпесот, постапката повторете ја 4 до 5 пати во текот на денот.

лукот помага во намалувањето на губење на коса – најдобри резултати за да се намали опаѓањето на косата се добиваат со лукот. Сѐ што треба да направите е неколку пати во текот на една недела да го масирате темето на главата со масло од лук или да го масирате директно со самите чешниња лук. Оставете лукот да делува 10 минути на темето и потоа измијте ја косата со некој добар шампон.  

лукот помага за намалување на болките предизвикани од воспаление на уво – знаеме дека овие болки се неподносливи, но истите можат да се намалат, а понекогаш и сосема да исчезнат благодарение на лукот. 
Во една лажица врело маслиново масло ставете едно издробено чешне лук, оставете го да отстои еден час и од оваа смеса капнувајте во воспаленото уво по една до две капки, неколку пати во текот на денот сѐ додека не се намали болката.   

лукот помага за отстранување на трнчиња од кожата – доколку на некој дел на кожата забележите трнче кое не можете никако да го извадите, најдобро е да ставите пресечено парче лук прекриено со фластер и да го оставите да стои некое време, по кое самото трнче ќе исплива на површината на кожата.

Doznajte za sto se moze da vi pomogne lukot! Дознајте за што се може да ви помогне лукот!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4249 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус