Техно Свет, Новитети

Samsung успешно ја тестираше 5G технологијата

14 мај, 07:24

Од компанијата Samsung Electronics соопштија дека успешно помина тестирањето на петата генерација (5G) безжична технологија. 

Јужнокорејските гиганти тврдат дека 1 GB може да се пренесе за 1 секунда на оддалеченост од неколку километри. Оваа технологија се очекува да биде подготвена за да се појави на пазарот кон 2020 година. Со петата генерација на безжична технологија се очекува да се овозможи брз пренос на податоци, дигитални филмови со висока резолуција, односно пренос без ограничување.

Корисниците на новата технологија ќе имаат можност да уживаат во широкиот спектар на услуги како што се 3Д филмовите и игрите.

Јужна Кореја има 20 милиони корисници на 4Г технологијата, што ја прави една од земјите со најголем број корисници на оваа технологија.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1204 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус