Серија

„Одмазда“ за нејзиниот татко

12 февруари, 07:30

Емили Торн се враќа назад во Хамптон изнајмувајќи куќа во близина на семејството Грејсон. Кога таа била мало девојче нејзиниот татко бил обвинет за злосторство кое не го направил, поради што добил доживотна казна. Од тогаш Емили е разделена од него.

Сега таа се враќа за да им се одмазди на оние кои невин го затворија татко ѝ. Прва на листата за одмазда е Викторија Грејсон, во која бил заљубен татко ѝ. Викторија е жена која направила сѐ за да стигне до посакуваната позиција, дури и го предала саканиот.

Американската серија „Одмазда“ за прв пат почна да се емитува на 21 септември 2011 година, а во тек е снимањето на втората сезона. Одличната драма е дело на Мајк Кели, а во улогата на Емили се крие актерката Емили ВанКамп.

Не пропуштајте!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1254 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус