Спилберг на чело на жирито во Кан

28 февруари, 11:13

Стивен Спилберг ќе застане на чело на жирито на овогодинешниот Кански фестивал кој ќе се одржи од 15 – 26 мај.

Генијалниот режисер изјави дека е почестен од доделената улога, бидејќи Канскиот филмски фестивал секоја година докажува дека филмот е јазикот на светот, а за секој уметник е вистинска чест и задоволство да биде дел од оваа манифестација.

Претседателот на фестивалот долго време се обидувал да го стави Спилберг на чело на жирито, но секоја година режисерот работел на некој филм и не бил во можност да ја прифати задачата.

Конечно, годинава Спилберг е слободен, па со задоволство ќе ја одигра улогата на жири.

Стивен Спилберг дебитираше на Канскиот фестивал со филмот „Е.Т.” пред 31 година.

Славниот режисер има режирано 28 филмови, освоил два Оскари за филмовите „Шиндлеровата листа” и „Спасувањето на војникот Рајан”, а годинава за малку му побегна Оскарот за извонредниот „Линколн”.

Неговата брилијантна кариера вклучува некои од најголемите блокбастери, меѓу кои и „Џурасик парк” и „Индијана Џонс”.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 816 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус