Што ќе ми подариш тато?

26 август, 09:10

На денот на својот 11-ти роденден девојчето од љубопитност го праша својот татко што ќе ѝ подари за 15-от роденден. „Има многу време до тогаш.“ - одговори татко ѝ. 

...

После две години срцето на девојчето почна да откажува. Од ден на ден нејзината состојба се влошуваше, поради што беше и хоспитализирано. 

По подолга борба, докторот немајќи друг избор, го информира нејзиното семејство дека нема да живее уште долго.

Таткото скршен од болка влезе во нејзината соба обидувајќи се да не заплаче. Девојчето само што го здогледа жалосно го праша дали знае дека таа умира? „Не, ти ќе живееш!“ - извика татко ѝ и плачејќи ја напушти собата.

Таткото го немаше подолго време да ја посети во болница, а таа не знаше ни зошто ни каде замина тој. 

На девојчето му беше трансплантирано ново срце, а по неколку месечниот третман на својот 15-ти роденден беше пуштено од болница. Кога се врати во својот дом, татко ѝ не беше таму. Од него само го најде писмото кое ѝ го оставил врз креветот.

„Драга моја ќерко, ако ја читаш оваа порака значи дека сѐ поминало во ред и ти ќе живееш како што ти реков. Се сеќаваш кога пред неколку години ме праша што ќе ти подарам за твојот 15-ти роденден? Јас не знаев што да ти одговорам бидејќи беше прерано. Но, сега ќе ти кажам, мојот подарок е моето срце.“

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 4611 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус