Занимливост, Интересно

Суровата животна приказна на познатиот рапер Еминем

13 септември, 14:50

Кога некој би ве запрашал дали некогаш сте слушнале за Маршал Брус, вашиот одговор сигурно ќе биде: „Не!“ Но, ако некој ве праша за Еминем, добро знаете за кого станува збор.

Малиот Маршал и неговата 15 годишна мајка, оставени сами да се борат со сиромаштијата и општеството постојано се селеле од една во друга куќа. Потребата од храна ќе го натера Маршал да се откаже од училиштето и да почне да работи. Но, тој никогаш не се откажа од својот сон, сонот да рапува.

Понесен од своите погледи кон иднината, прво се именува како “М&М“, а потоа како Еминем.

Со голем труд издава плоча, од која ќе продаде само 1000 копии.

Разочаран, без пари во џебот го дочекува семејниот живот. Се жени со Ким, со која имаат ќерка. Како да ги прехрани? Немајќи излез, станува дел од многуте рапери во подземјето. Во 1997 година се пријавува на Рап Олимпијадата со единствена цел да ја освои паричната награда од 1.500 долари. Нервозен и лут бидејќи ја пропушта за него единствената шанса да добие пари, не го забележува светлото низ тунелот. По завршувањето на Олимпијадата неколку познати продуценти се трудат да го земат во свои раце. Тука започнува пресвртницата во неговиот живот. Но, кога им стави крај на финансиските проблеми, се разведе. Го осудуваат на 2 години условна казна поради учество во тепачка, а се претпоставува дека причина е неверството на неговата сопруга.

Како познат рапер и добар актер, Еминем во својот живот го има највредното, неговата ќерка Хејли за која би се откажал од сè.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1820 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус