Техно Свет

Nokia Lumia 620

12 декември, 12:58

Пристигна новиот член во семејството на Nokia, Nokia Lumia 620.

Дизајниран е и наменет за употреба од пошироката публика, бидејќи се предвидува дека ќе биде и „најевтиниот” телефон.

Nokia Lumia 620 е опишан како „компактен” телефон, така што корисниците кои сакаат помали смартфони, поради прилично малите димензии 115.4 x 61.1 x 11 mm  и тежината од само 127 грама, сигурно ќе бидат заинтересирани. 

Nokia Lumia 620 доаѓа со 3.8" ClearBlack LCD дисплеј на WVGA резолуција, со внатрешна меморија од 8GB со можност да се прошири со microSD слот картичка, и 512MB RAM меморија.

Има 5 мегапикселна примарна камера со LED блиц во задниот дел и VGA камера на предниот дел за видео-разговори.

Nokia Lumia 620 ќе биде достапен во повеќе бои, вклучувајќи зелена, портокалова, пурпурна, жолта, тиркизна, бела и црна. 

Во 2013 година ќе биде пуштен во продажба, па тогаш одберете ја бојата која вас најмногу ви одговара и имајте убави и пријатни разговори со новата Nokia Lumina 620.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1043 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус