Толку си личат, што ќе помислите дека се роднини

21 септември, 06:37

Дали сте забележале дека дел од славните холивудски ѕвезди неверојатно наликуваат едни на други?

Ако не беа популарни личности и случајно ги сретневме на улица, сигурно ќе помислевме дека се во роднинска врска, а за некои дури и слободно ќе тврдевме дека се близнаци.

Некои од најзгодните актери, и не помалку згодните актерки имаат неверојатна меѓусебна сличност, иако немаат никаква роднинска врска.

 

Кој на кого наликува во Холивуд?

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Ралф Фанјс и Бредли Купер
И двајцата се шармантни, имаат неверојатно убави очи, успешни се како актери... Што се однесува до цртите на лицето, имаат толку многу сличности, што би помислиле дека се браќа.

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Ерик Дејн и Леонардо Ди Каприо
Уште двајца холивудски актери за кои слободно би кажале дека се во роднинска врска, ако не ги знаевме од филмовите.

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Кира Најтли и Натали Портман
На снимањето на Војна на ѕвездите: Епизода 1, двете актерки имаа идентична облека и шминка, па дури и нивните мајки изјавија дека тешко можеле да ги разликуваат. Сличноста е навистина неверојатна.

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Кира Сеџвик и Џулија Робертс
Ќе се согласите дека може да ги прогласиме за близначки, почнувајќи од очите, носот, насмевката... Неверојатна сличност.

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Јан Сомерхалдер и Крис Пајн
Дали може да препознаете кој е кој? Овие згодни холивудски надежи толку многу си личат, што тешко ќе препознаеме кој е кој на оваа фотографија, а можеби и ќе помислиме дека станува збор за истата личност и на двете фотографии.

холивуд, актери, ралф фајнс, леонардо ди каприо, џулија робертс, бред пит
Бред Пит и Роберт Редфорд
Ова е дефинитивно мојот омилен холивудски пар. И двата се неверојатни актери, едниот е веќе холивудска легенда, другиот еден ден ќе се споменува меѓу легендите, имаат неверојатна харизма, талент... И секако, повторно таа необична сличност.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2001 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус