Торта со вишни

29 јануари, 09:30

 

 

 

 

 

 

Состојки за пандишпан:
5 жолчки
150 гр. шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
50 гр. брашно
1/2 пакетче прашок за печиво
40 гр. какао
150 мл. млеко

Жолчките убаво се бијат заедно со шеќерот и ванилата, па потоа постепено им се додаваат останатите состојки кои се потребни за пандишпанот. 
Откако ќе се добие хомогена смеса, се додаваат претходно изматени 5 белки и сѐ убаво се меша. Смесата се дели на два еднакви делови, се става во две тркалезни тавчиња со број 26 и се печи 25 минути на 180°C.

Состојки за ганаче крем: 
200 мл. хопла
200 гр. чоколадо за готвење

Хоплата треба да зоврие и да згусни, па во неа се додава чоколадото искршено на коцки.
Смесата се меша за чоколадото убаво да се спои со хоплата и добиениот крем се остава да се олади, па потоа се става во фрижидер.

Состојки за кремот од ванила:
2 пудинзи од ванила
1 пакетче ванилин шеќер
100 мл. млеко
500 мл. млеко
200 гр. маргарин кристал
200 гр. шеќер во прав

250 гр. вишни
1 пакетче ванилин шеќер
малку рум

Во 500 мл. зовриено млеко се додаваат двата пудинзи од ванила, измешани заедно со пакетчето ванилин шеќер и 100 мл. млеко. Пудингот се меша додека не ја добие потребната густина.
Откако пудингот убаво ќе се олади, во него се додаваат претходно убаво изматени маргаринот со шеќерот во прав. Филот убаво уште еднаш се мати со миксер за да се добие хомогена смеса.

Подготовка:
На сад за торта се става првиот пандишпан. Се филова пандишпанот со половина од крем филот од ванила, потоа врз него се ставаат 250 гр. исцедени вишни кои треба да се убаво измиени и претходно 1 до 2 часа да се отстоени во смеса од малку рум и едно пакетче ванилин шеќер. Вишните убаво се притискаат за да навлезат во филот. Над нив се става вториот дел од крем филот од ванила и над него се става вториот пандишпан. 
Целата торта се премачкува со ганаче кремот кој на тортата му дава посебен шмек.
Одозгора над ганаче кремот, тортата може да се премачка со шлаг крем од ванила, може да се стави рендано чоколадо и може да се украси со вишни, изборот е ваш.


Пријатен апетит! 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 19702 пати.

Коментари [1]

Tanja

Fala ti Sanje ke napravam i ke te viknam da lapkame.

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус