Животен стил, За неа

Третман за коса со врело масло

31 август, 06:16

Сувата и оштетена коса може да се подобри со неколку третмани со врело масло. Растителното масло во комбинација со етеричните масла ја враќа еластичноста на влакното и му го враќа неговиот сјај. 

Во помал сад ставете кокосово масло, маслиново масло и масло од сeмки од грозје. Садот оставете го да отстои во топла вода околу 10 минути. Потоа во загреаното масло додадете по 3 капки од следните етерични масла: рузмарин, лаванда и жалфија. Смесата од масла промешајте ја со дрвена лажица. 

Вашата коса поделете ја на четири еднакви дела. По неколку капки нанесете на секој од деловите и масирајте нежно од скалпот кон врвовите. Завиткајте ја косата со крпа и оставете ја да отстои 10-15 минути. И за крај убаво измиете ја косата со шампон кој редовно го користите. 

Подобар ефект ќе постигнете доколку овој третман го правите пред легнување. Завиткајте ја убаво косата, маслото ќе делува во текот на ноќта, а наредното утро може да ја измиете. 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2246 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус