Убави нешта

Вози побавно, патувај безбедно

18 октомври, 11:15

Австралискиот уметник Emma Hack ги насликала телата на 17 луѓе кои потоа составиле автомобил со своите тела како дел од  најновата австралиска кампања за безбедност на патиштата.

Насликаните тела прикажуваат автомобил уништен во сообраќајна несреќа. Уметничкото дело симболично е наречено „Сите ние играме улога” со цел да го нагласи човечкиот фактор и влијанието на човекот врз безбедноста во сообраќајот.

Целта на кампањата е да укаже на опасноста од најголемиот убиец на патиштата – брзината, бидејќи брзото возење е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи.

Иако кампањата е наменета само за Австралија, нејзината порака треба да допре до секој учесник во сообраќајот.

Внимавајте како возите. Безбедноста зависи од сите нас. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1820 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус