Позитива, Статии

Уште еден прекрасен ден!

05 февруари, 06:56

Знам, ќе речете зима е, но тоа не ги спречува врапчињата да тропаат на прозорците, а децата да се смеат и да другаруваат.  

Насмејте се и поздравете го новиот ден!

Имате проблеми? Имаат и другите, па сепак насмеано чекорат низ животот.

Насмејте се и храбро зачекорете.

 

Има толку многу мали нешта кои му даваат смисла на животот. Секој ден и секој миг е посебен ако знаете да му се радувате.

Радувајте се. Заборавете за миг на проблемите, поздравете го раѓањето на новиот ден, подарете некому насмевка или убав збор, најдете радост во малите нешта кои ве опкружуваат.

Ширете позитивна енергија, помагајте без да очекувате награда, научете да простувате, научете да живеете.

Во овој прекрасен, зимски ден, ви праќам насмевка и љубов вам, добри луѓе!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2816 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус