Животен стил, Убав дом
Внесете ја пролетта во вашиот дом
27 април, 10:55
Пролетта ве исполнува со енергија, свежина и многу радост. Тоа прекрасно чувство на воодушевување од убавата природа внесете го и во вашиот дом.
Убавината на домот се огледа токму во деталите кои или ќе го разубават или не, но користејќи ја креативноста и следејќи ги вашите чувства, ве уверуваме дека нема да направите погрешен избор.
Во изборот на бои, посветете се на свежите бои, како што се зелената, небесно сината, а заедно со нив дадете ситно шаренило кое ќе ја разбие монотонијата.
Ако размислувате што би смениле во домот, само мал предлог: ставете нови тапети или пак сменете ги завесите, теписонот или навлаките на мебелот. Надополнете со ситни украси и свежи цветови.
И секако, уживајте во деновите од пролетта.
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 1453 пати.
Додади коментар