Време е за Велигденски декорации!

11 април, 00:02

Подготовките за Велигден секогаш се возбудливи и интересни, особено кога станува збор за велигденските јајца.

Црвени, жолти, зелени, ги има во сите бои, а оние со малку повеќе трпение и креативен дух знаат да направат навистина оригинални декорации за велигденските јајца.

Во пресрет на Велики Четврток, денот кога ги бојадисуваме јајцата, само за ваше задоволство издвоивме неколку интересни идеи кои можеби ќе ве поттикнат да се обидете да направите малку поинакви Велигденски јајца.

Сè што ви е потребно е желба, време и малку повеќе трпение.
Фатете се за работа и уживајте во подготовката на Велигденските јајца.

За овие прекрасни јајца потребно ви е лепило и конци во боја. И секако, многу, многу трпение!велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Темперни бои, четка, малку трпение и креативност, и ќе ги имате овие прекрасни весели јајца.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Тантела и лепило – едноставно, лесно, а толку нежно и елегантно.

 

И ние не знаеме како точно се обоени овие јајца, но тоа воопшто не нè спречува да се обидеме. На јајцето се ставаат лепливи ленти, може да се обидете со изолир, па јајцето се става во бојата. Е сега, како се добиени различни бои без да се помешаат, ќе провериме годинава, па доколку откриеме, ќе ја споделиме тајната со вас.

 

Овие јајца се добиени од парчиња ткаенини, поточно стари машки кравати. Јајцето се витка во ткаенината, потоа се вари во вода со оцет, а бојата од ткаенината останува на него. Обидете се само со едно јајце, доколку е успешно, продолжете!велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Јајцето се става во чаша во која има малку подготвена боја. Оставете малку да прими од бојата, потоа додадете малку вода, повторно оставете да прими вода и така додавајте по малку вода додека не се покрие јајцето. На овој начин, при секое додавање на вода, еден дел од јајцето се обојува со посветла нијанса од претходната.
велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Повторно чипка или нежна тантела! Јајцата се виткаат со чипка, па се ставаат во бојата. Потоа, чипката се отстранува.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

 

Уште неколку интересни декорации од хартија, кои лесно и успешно ќе ги совладате.велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

велигденски јајца, декорации на велигденски јајца, veligdenski jajca, велигден

За што и да се одлучите, запомнете, декорирањето на јајцата треба да ви претставува задоволство, дури и ако не ги добиете очекуваните резултати. И нас не ни успева секогаш да ја реализираме идејата, но важна е посветеноста и љубовта со која се пристапува кон подготовките за Велигден.
Пријатна работаsmiley

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 14528 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус