За неа

Намалете ги симптомите на ПМС

17 март, 10:50

Предменструалниот синдром е појава со која се соочува секоја жена. Опфаќа низа симптоми кои кај некои девојки и жени се многу силни и предизвикуваат болка и промена во расположението.

Некои видови храна можат да ги ублажат, па дури и да ги отстранат непријатните симптоми, како што се нервозата, заморот, чувствителноста во градите и потребата од храна.

Наместо да се прејадувате и постојано нешто да грицкате, а притоа да чувствувате болка и подуеност, обидете се да ги намалите симптомите на ПМС со помош на храната.

Јогурт

Обезмастениот или јогуртот со ниско ниво на масленост го регулира нивото на калциум во организмот.
Истражувањата покажаа дека месечниот циклус го намалува нивото на калциум, што доведува до подуеност и негативно расположение.
Чаша јогурт е вистинскиот пијалок за време на месечниот циклус.

Овошна салата

Бананите, дињата и јужното овошје содржат високо ниво на калиум. ПМС е пропратен со намалено ниво на калиум во нашиот организам, па затоа се јавуваат грчеви и лошо расположение.
Подгответе си овошна салата и ослободете се од грчевите.

Темно чоколадо

Чоколадото кое содржи 70 % какао е уште еден борец против ПМС.
Содржи магнезиум и антиоксиданси, па ПМС е вистинскиот период кога треба да си дозволите парче чоколадо.

Здрави масти

Омега 3 масните киселини имаат витална улога за функционирањето на секоја клетка во нашиот организам. Внесете ги преку рибата, особено лососот, оревите и маслиновото масло.
Внесувањето на оваа храна ќе помогне да се намалат болките предизвикани од ПМС, како и осетливоста на градите, чувството на раздразливост и подуеност.


Кога на овие видови храна ќе додадете малку физичка активност, резултатите ќе бидат одлични, а симптомите од ПМС далеку поподносливи.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2249 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

1 Мај

1 Мај
Во Чикаго, САД, избувна штрајк на околу 40.000 работници кои истапија со барањето за осумчасовен работен ден.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус