За него

Мажите и убавината

18 декември, 05:50

Мислењето дека само жените треба да користат средства за нега и убавина е сосема погрешно.
Иако вистинската убавина доаѓа од внатре, сепак, кожата, косата и телото бараат постојана нега и грижа, дури кога станува збор и за мажите.
Посветете си внимание и грижете се за вашиот изглед. Применете некои од овие корисни совети за убавина кои нема да ви одземат многу време, а ќе ви помогнат да изгледате убаво и негувано.

Пијте доволно количество вода
Секојдневното внесување на вода во организмот ќе помогне кожата да изгледа здраво, а вие ќе изгледате помлади.

Не користете сапун за миење на лицето
Сапунот ја суши и оштетува кожата, правејќи ја груба. Наместо сапун, користете гел или крем наменети за миење на лицето. Овие производи ја негуваат кожата и спречуваат сушење и оштетување.

Дневен крем со заштитен фактор
За убава и негувана кожа неопходно е да користите кремови со заштитен фактор. Кремот ја штити кожата и ѝ помага да ја задржи нејзината влажност.

Нежни усни
И мажите треба да имаат нежни и негувани усни. Користете балсам за усни кој ќе ја заштити кожата на усните и ќе ја направи мека и нежна.

Негувани раце
Сувите и испукани дланки не изгледаат убаво и не се пријатни на допир. Не заборавајте да нанесете добар слој на крем за раце, а погрижете се и за изгледот на ноктите. Чистите и негувани нокти кажуваат многу нешта за вас.

Крем за бричење
Гелот за бричење заменете го со крем. Геловите содржат поголемо количество алкохол за разлика од кремовите, па гелот може да предизвика иритација и сушење на кожата. Изберете крем со витамин Е и камилица. Ваквите кремови ја штитат кожата, оставајќи ја нежна по бричењето.

Негувајте ја внатрешната убавина
Ова е можеби најважниот совет кој треба да го прифатите. Бидете љубезни, насмеани, искрени, помагајте, зрачете со љубов и самодоверба. Внатрешната убавина е трајна, негувајте ја за да бидете забележани и сакани.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1312 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус