Животен стил, За неа

За оние кои се подготвуваат за на плажа, еве неколку совети кои добро ќе им дојдат

02 јули, 07:00

 

 

 

 

 

 

1. Носете бела долга кошула под која нежно ќе се исцртува вашето бикини. Ова е одлична комбинација за да бидете забележани. Белата кошула можете да ја комбинирате со ремен кој ќе одговара на бојата на вашите обувки.

2. Понесете си крема за потемнување, ако сакате да добиете бронзен тен.

3. Изберете бикини кое ќе му се допадне на вашиот партнер. Само така ќе ги избегнете неговите непосакувани реакции.

4. Обрнете посебно внимание на изгледот на вашите гради во бикини, нека бидат малку подкренати.

5. Средете ги несаканите влакна навреме. Голем дел од девојките тоа го оставаат за крај, заборавајќи дека кожата може да се иритира и да поцрвени, а во најлош случај може да дојде и до отекување или појава на поткожни мозолчиња.

6. Понесете си лесна летна марама кој никого нема да остави рамнодушен. Користете ја додека шетате по плажата или се забавувате на шанкот.

7. Бидете женствени под жешкото сонце. Нежните и лесни движења, опуштеноста и малата насмевка ќе ја истакнат вашата убавина.

8. Бидете самоуверени и сакајте го своето тело.

9. Не користете шминка.

10. Изберете интересен летен дизајн на вашите нокти. Средените нокти ќе ја поттикнат вашата самодоверба и ќе ве поттикнат на почести слободни движења со рацете.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2133 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус