Забава

Фатин профил

25 декември, 16:37

Одлучила Фата да отвори профил на социјалните мрежи, се подготвила и почнала да одговара на прашањата:

Име и презиме: Фата Хаџи Мултиетничка
Место на раѓање: Инкубатор
Знак во хороскоп: Машина
Која марка на автомобил возите: Маж ми вози, јас го туркам.
Одите ли на фитнес: Зошто јас да одам, кога тој не доаѓа на село кај нас?
Омилен пијалок: Севан Хоп
Омилена земја: Што знам, ете Советот на Европа нека биде
Дали постои личност која постојано ве фасцинира: 20 години му зборувам на маж ми да не црта на капакот од веце шолјата, ама за џабе, нон-стоп одам по него и чистам.
Кој број на чевли носите: Едни на три години.
Кој се грижи за вашиот имиџ: Амиџо, но откако престана да ми праќа пари од Америка, никој.
На што трошите најмогу пари: На тоалетна хартија, по 1000 евра месечно трошиме за газот.
Која работа ја сакате: Како да ја сакам кога ја немам?!
Да не бевте тоа што сте, што би сакале да бидете: Девица, немажена.
Имате ли домашно милениче: Фери Детергент – прави чуда при секое перење.
Што е првото нешто што го приметувате кај спротивниот пол: Клештите, за да знам дали е пратен од Електродистрибуција за да ни ја исклучи струјата или не.
Кое е вашето животно мото: Сама паднала – сама се убила.
Кој е вашиот најдобар пријател: Мојот маж. Како минува времето сè повеќе се однесува како мој пријател, а не маж.
На што/кого сте најслаби: На свекрва ми.
Каде одите на одмор: Веќе десет години имам полупансион пред телевизор.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 1528 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

2 Мај

2 Мај

Во 1975 година во Лондон е роден познатиот фудбалски професионалец Дејвид Бекам.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус