Занимливост
Наскоро во Дубаи ќе се гради хотел за кралски одмор
22 октомври, 14:23
Според плановите на архитектите, во Дубаи треба да започне изградбата на Аперион, хотел кој без сомнение е надвор од границите на возможното. Во хотелот ќе има 350 луксузни апартмани, а ќе наликува на џунгла и ќе биде оддалечен 300-500 метри од брегот.
Оние кои ќе сакаат да гостуваат ќе може да одберат дали до хотелот ќе пристигнат со брод или со хелихоптер.
Горните два ката ќе бидат мала џунгла каде ќе има пеперутки и многу други инсекти. Освен тоа, планирано е да има уметничка галерија, кино, конференциски сали, продавници, подводни Спа & Фитнес центри, подводен ресторан, приватни лагуни и плажи за гостите.
Погледнете за што станува збор.
извор: Мој Портал
автор: Jakimova Jasmina
Оваа вест е прочитана 1580 пати.
Додади коментар