Здравје

Остеопороза – превенција и ублажување на болеста

08 март, 06:20

Остеопорозата е тивка болест на денешнината со која најчесто се соочуваат жените кои се во менопауза, нема изразено видливи симптоми, па најчесто се открива по настанувањето на некоја фрактура.

Болеста ја намалува цврстината на коските, тие стануваат кршливи, скелетот заслабнува, а се зголемува ризикот од фрактури.

Балансираната исхрана и начинот на живот во голема мера можат да делуваат превентивно, а доколку болеста е веќе развиена, ги ублажуваат симптомите.

За заштита на коскената маса, за здрави и цврсти коски кои ќе се борат против ова „тивко” зло, потребно е свесно и навреме да започнете со внесување на одредени минерали и витамини, како и да промените неколку нешта во досегашниот начин на живот.

Калциум

Најважниот борец против остеопороза е калциумот. Иако го има во голем дел од храната, повеќето од нас не внесуваат доволна количина на калциум.

Препорачана дневна доза за превенција и справување со болеста:

ВОЗРАСТ ДНЕВНА ДОЗА ВО МИЛИГРАМИ
19 - 50 1000
51 и постари 1 200

 

Количество калциум во некои видови на храна:

ВИД НА ХРАНА ДОЗА НА КАЛЦИУМ ВО МИЛИГРАМИ
Млеко / шолја 290 - 300 мг.
Јогурт / шолја 240 - 400 мг.
Сардина во масло / 85 гр. 160 - 180 мг.
Јајце / средна големина 55 мг.
Брокула / шолја    160-180 мг.

 

Витамин Д

Овој витамин е неопходен за телото да може правилно да го апсорбира калциумот. Витаминот Д се добива од сонцето и храната, а најдобро се прима доколку неколку пати неделно се изложувате на сончева светлина, најмалку 10 -15 минути дневно. Витаминот Д се содржи во млекото, јајцата, житарките, сирењето, рибата, особено лососот.

Магнезиум

Исто како витаминот Д, и магнезиумот е неопходен за правилно дејствување на калциумот. Магнезиум може да внесете преку мешунките и лиснатиот зеленчукот со темно зелена боја.

Физички вежби

Редовните физички вежби, пешачење, качување по скали, трчање, јога и сл. се многу корисни за превенција на остеопороза. За оние кои веќе боледуваат, најдобро е да се посоветуваат со лекар за тежината и видот на вежбите.

Променете го начинот на живот, бидете физички активни и внимавајте на исхраната.

Помогнете му на вашето тело да се бори против остеопорозата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2193 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 април

28 април

Денеска се одбележува 50 годишнината од постоењето на Битолски весник.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус