Здравје
Со мед и цимет против настинка
Во ова време од годината многу често настинуваме, се чувствуваме изморени, кашламе и сме без енергија. Лекот против овие состојби е мешавината од мед и цимет.
Медот многу добро е познат како извор на витамини, а додека пак циметот се смета за најздрав зачин.
Комбинацијата од овие две здрави состојки е вистинскиот начин за успешно да ѝ се спротивставите на настинката.
Во шолја за млеко ставете 1 дл. млака вода, ставете една лажица мед и едно мало лажиче прашок од цимет. Смесата убаво промешајте ја додека медот се стопи.
Течноста конзумирајте ја два пати на ден, а за да се постигнат најдобри резултати течноста треба да се пие три дена со ред.
На ваков природен начин, покрај тоа што успешно ќе ѝ се спротивставите на настинката, ќе имате повеќе енергија, успешно ќе го победите кашлањето и ќе им овозможите на вашите синуси нормално да функционираат.
Пробајте и уверете се.
Додади коментар