Живеј квалитетно

Зачинете го љубовниот живот

30 јули, 00:03

На секоја врска ѝ се потребни нови искри кои ќе го зачинат љубовниот живот и ќе внесат малку шаренило и разонода.

Колку и да е силна љубовта, потребни се некои новини кои уште повеќе ќе ве доближат до партнерот и ќе ја освежат врската или бракот.

 

 

Ноќен состанок за евоцирање спомени
Испланирајте ноќен состанок на местото каде прв пат сте излегле заедно или пак на некое место кое ви буди спомени на прекрасните моменти кои сте ги поминале заедно.
Заедно потсетете се како било првиот пат, разбудете ги спомените и разговарајте за тоа што сè сте постигнале заедно од првиот состанок до денес.

Направете да се чувствува гламурозно
Секој сака понекогаш да се чувствува како филмска ѕвезда. Изведете го партнерот на некое луксузно место, дотерајте се најдобро што можете, дозволете си некој егзотичен коктел и таа ноќ направете партнерот да се чувствува посебно.

Создадете нови спомени
Сосема непланирано посетете места на кои обично не одите, одете во куглана, на лизгалиште, едноставно направете нешто ново кое не само што ќе внесе свежина во врската, туку и ќе ви создаде нови спомени на кои со задоволство ќе се сеќавате.

Играјте игри
Дури и да не сте љубител на покер, или пак не знаете да играте, заедно одредете ги правилата на играта и играјте покер без пари, но со соблекување. Ова е  интересен и возбудлив начин да внесете искри во врската.

Сензуална масажа
Не треба да сте професионални масери за понекогаш да му приредите на партнерот сензуална масажа. Опуштете се еден покрај друг и уживајте во релаксирана и пријатна атмосфера.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2804 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

26 април

26 април

Во 1992 година денарот стана официјална валута на Република Македонија.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус