Живеј квалитетно

Задржете ги солзите на работното место

01 февруари, 07:19

Ви се случило ли да се чувствувате премногу лошо поради што сте заплакале?

Со оваа ситуација се соочуваат сите, но разликата е во способноста за контролирање на емоциите и насочување кон работата и ситуацијата.

 

 

 

Ако сè уште не сте научиле како да ги задржите солзите на работното место, следете ги следните совети кои ќе ви помогнат во вашата цел:

  • Верувајте во следниот став: „Плачењето не е знак на слабост“ и бидете сигурни во себе.
  • Не размислувајте за себе. Во тешките ситуации треба да ги насочите вашите сили кон согледување на ситуцијата и нејзиното решавање, а не кон вашите чувства. На работодавецот потребен му е готов проект, а не солзи.
  • Подгответе се да се браните со зборови, не со солзи. Способноста да му се спротивставите на некого со зборови кои ќе укажат на вашата ситуација ќе ви даде поголема самодоверба и чувство за контрола врз себе.
  • Исплачете се после работа. Доколку сè уште ве притиска болката, исплачете се далеку од вашите колеги и работното место. Најдобро е тоа да го правите дома каде добро е некому да му објасните која е вашата болка.
  • При непријатни средби водете кратки разговори, а при првата прилика одете на место каде ќе земете воздух и ќе се смирите.

Бидете силни, бидејќи животот е тежок, а вашите цели се високи.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2083 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

9 Мај

9 Мај

Во 1947 година во Скопје, во Македонскиот народен театар е прикажана првата оперска претстава на македонски јазик.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус