Животен стил, Живеј квалитетно

Зошто е важно да го сослушате својот партнер?

03 септември, 05:22

Ви се случило ли да се чувствувате нерасположени и да немате доволно енергија за да разговарате со вашиот партнер/партнерка?

Независно за каков тип на проблем се работи, кога вашиот партнер ќе забележи дека не му посветувате внимание и не го поддржувате, тоа е причина за влошување на неговото/нејзиното здравје. Токму тоа е причина за некои воспаленија, кардиоваскуларни заболувања и други здравствени проблеми, за што укажува новото истражување на Универзитетот од Јута. 

Авторот на студијата, д-р. Берт У., тврди дека одбивниот став и неразбирањето од страна на партнерот доведува до активирање на оние области од мозокот кои се поврзани со стравот, односно опасноста, поради што се осободуваат воспалителни хормони. 

Овој ефект се јавува единствено кога сакаш да ги споделиш своите проблеми со некого, но наидуваш на неприфаќање. 

Посебно треба да се напомене дека секоја поддршка, разбирање и сочувствување кај другата страна предизвикуваат позитивни чувства. 

Почитувајте ги своите сакани и одвоете време и за нив. 

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1909 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус