Бесмртна медуза

29 ноември, 05:38

Медузата Turritopsis nutricula или попозната како Turritopsis dohrnii е бесмртна.

За прв пат е откриена на Карибите, но сега е распространета во водите на морињата и океаните низ речиси целиот свет. 

Всушност, како и повеќето видови на животни и оваа медуза има редовен животен циклус, значи од мала медуза расте и се размножува, потоа старее, но наместо да умре, нејзините клетки се регенерираат и таа повторно станува млада. 
Овој процес на повторно и повторно обновување на клетките се нарекува „трансдиференцијација” и благодарение на него оваа медуза е бесмртна, т.е. не може да умре, а со тоа и да исчезне како вид.

Бесмртноста на медузата покренува безброј прашања кај научниците. 
Некои од нив сметаат дека конечно ќе биде решена бесмртноста кај луѓето, после извршени безброј испитувања на медузата, а други пак сметаат дека само ќе биде подобрен квалитетот на животот на луѓето.

Како и да е, самиот факт дека некаде во длабочините на океаните и морињата постои вид на медуза кој цело време се обновува и преминува од стар вид во млад, се пркоси на сите досега извршени научни истражувања, тврдења, докажувања и теории за завршување на животниот век на сé што е живо и што се движи.

Во потрагата на пронаоѓање на еликсир за бесмртност се надеваме дека медузата Turritopsis dohrnii ќе одигра важна и значајна улога.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5044 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 април

29 април
Во 1958 година е родена прекрасната Мишел Фајфер, холивудска актерка која се прослави со улогите во филмовите „Лице со лузна” (каде глумеше покрај Ал Пачино), „Враќањето на Бетмен&rd
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус