Домашен сладолед

21 јуни, 00:57

Дека домашно подготвениот сладолед е далеку подобар, повкусен и поздрав од оној кој го има во продавниците доказ е денешниот наш предлог рецепт, кој се надевам дека на сите добро ќе ни дојде во овие топли денови. 
Имајќи го во предвид податокот дека во него нема да ги има сите оние не толку здрави емулгатори, конзерванси и засладувачи, сигурна сум дека ќе почнете сѐ почесто и почесто да го подготвувате и да уживате во неговиот вкус.
Ако сакате да експериментирате со вкусовите, секој наредно подготвен сладолед нека биде со различен вкус од претходниот, а како додаток за збогатување на вкусот но и на изгледот можете во него да додавате парчиња свежо сечкано овошје во зависност од вкусот кој сакате да го постигнете, или сечкани ореви, лешници или чоколадо. Изборот е ваш.

Потребни состојки:
1 шлаг крем со вкус по избор
1 шолја млеко (250 мл.)
3 јајца
4 лажици шеќер
сечкано овошје по желба

Подготовка:
Во длабок сад шлаг кремот и млекото убаво пенесто се матат со миксер додека да згуснат.
Во друг длабок сад јајцата со шеќерот исто така убаво се матат додека да се добие цврст снег.
Добиените две смеси убаво се соединуваат и повторно убаво се матат за да станат хомогени.
Во добиениот сладолед се ставаат парчињата сечкано овошје, чоколадо или јаткасти плодови и сладоледот се става во поголем пластичен сад кој потоа се става во фрижидер да замрзни и потоа се послужува. 

Ви посакуваме пријатно слатко ледено уживање!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2843 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Мај

13 Мај

Во 1986 година во Лондон во Англија е роден славниот актер Роберт Патинсон.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус