Џенифер Лоренс блесна на премиерата на „Игри на гладните”
Долгоочекуваниот последен дел од „Игри на гладните” ја доживеа својата премиера во Лондон.
Снимен според истоимениот светски бестселер, „The Hunger Games:Mockingjay - Part 1” е првиот дел од последното продолжение на сагата за луѓето кои живеат во беда и се борат за парче леб.
Светската премиера ќе ја доживее на 21 ноември оваа година, а критиките за филмската адаптација се поделени. Многумина сметаат дека расцепкувањето на последниот дел од книгата и снимањето на два филма, „Mockingjay” дел 1 и дел 2 е и повеќе од непотребно и е наменето не толку за уживање на публиката, колку за богатење на извршните директори.
Како и да е, фановите со нетрпение го очекуваат продолжението од приказната за борбената Кетнис (Џенифер Лоренс), а во меѓувреме може да уживаат во нејзината убавина и сјај токму на премиерата во Лондон.
Џенифер се појави во креација на Диор и навистина блесна на црвениот тепих, како и многупати досега.
Во едно неодамнешно интервју Лоренс изјави дека она што ја воодушевило додека ја читала книгата е сознанието колку еден поединец може да биде моќен, колку многу значи еден глас кој има храброст да се издигне над топлата и да стане предводник во борбата за подобар живот.
Додади коментар