Занимливост, Откритија

Ексклузивни докази за постоењето на вонземјани!

08 април, 12:00

Дали е можно во целиот универзум да нема живот освен на Земјата?
Дали сме навистина сами или некаде живеат и други видови, марсовци, вонземјани, мали зелени суштества...

Наречете ги како сакате, дајте им изглед според вашата фантазија или погледнете го „Сириус” – документарен филм на Стивен Грир кој се обидува да одговори на прашањето „Дали сме сами?”

 

Стивен Грир е истакнат доктор, но и човек кој долги години го проучува вонземскиот живот и се обидува да докаже дека вонземјаните навистина постојат.
Тој тврди дека владата на Америка има информации за вонземјаните, но во интерес на големите корпорации ги чува во строга тајност.
„Сознанијата до кои САД имаат дојдено не им се во интерес на светските корпорации. Ако целата вистина излезе на виделина, човештвото ќе стане свесно дека има и други облици на енергија и дека не ни се потребни нафтата и јагленот. Тоа секако не им одговара на корпорациите кои заработуваат милиони токму од овие извори на енергија”.

Тој тврди дека во филмот ќе биде прикажано и вонземно суштество, со досега непозната ДНА, а ќе има и други докази за постоењето на вонземјаните.

Дали документарниот филм ќе даде одговор на прашањето „Дали сме сами?” или станува збор за уште еден обид за измама, останува да почекаме до 22 април, кога ќе биде премиерата на „Сириус”.

Сепак, ако добро размислиме, навистина не е логично ние да сме единствените суштества во универзумот.

Погледнете дел од документарецот и размислете за можноста за постоење на вонземјани.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9181 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 април

27 април

Во 1986 година, во Скопје е родена Елена Ристеска, еден од најдобрите женски вокали во Македонија, пејачка која успешно работи во земјава и надвор од неа.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус